Search

Имамот од хеликоптерот со иранскиот претседател бил жив околу еден час по падот?

Како што јавува Би-Би-Си, имамот Мохамад Али Ал-Хашем, кој бил во хеликоптерот со претседателот на Иран Раиси, ја преживеал несреќата и се обидел да повика помош.

Според шефот на иранската агенција за управување со кризи, Мохамад Нами, Ал-Хашем преживеал цел час по несреќата. Тој дури се обидел да стапи во контакт со кабинетот на претседателот, додава Би-Би-Си.

Нами, исто така, рече дека не е потребна ДНК анализа за да се идентификуваат патниците.

Во хеликоптерската несреќа загинаа вкупно девет лица, вклучително и екипажот на летот.

Треба да знаете
Последни објави