Search

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

Денеска во 00.20 часот на ул.„Охридска” во Битола,  полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.М.(36) од Битола.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната. 

Треба да знаете
Последни објави