Search

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Велешанец при собирање печурки почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед,  од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.

– Во СВР Велес вчера во 11 часот,  63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

Таа додаде дека  за настанот бил  известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека  се преземаат мерки за негово расчистување. 

Треба да знаете
Последни објави