Search

Награди од „Литера“ за Наталија Лукомска, Живко Грозданоски, Бранислав Николов и Иванка Ниба

Со доделување на наградите за најдобра илустрација, најдобар текст и најдобра сликовница во целина вчера во Младинскиот културен центар во Скопје беше затворено 6. издание на Меѓународен фестивал на литература и илустрација за деца „Литера“. Наградата за најдобра илустрација „Си беше еднаш… Најубавите бајки на сите времиња“ ѝ припадна на Наталија Лукомска, адаптација на текст Оливера Ќорвезироска, издание на „Арс ламина“. Лукомска ќе има своја изложба во рамките на „Литера 2025“.

Награда за најдобар текст доби Живко Грозданоски за „Белите глувчиња / Страшната наезда на зелените вошки / Црните овци“ со илустрации на Воскресија Андреевска, издание на „Чудна шума“. Награда за сликовница во целина е доделена на „Ѕуница“, со текст на Бранислав Николов, илустрации на Иванка Ниба, едиција „Светулка 2“, издание на „Арт & Арт студио Батев“. Признание доби СОС Детско село за вложување во креативни изданија што промовираат инклузивност и Халкбанк А.Д. Скопје, како општествено-одговорна компанија за поттикнување на развојот на визуелната култура кај децата преку ликот на Халки.

Треба да знаете
Последни објави