ИДФ апелира Палестинците од крајбрежните населби да се евакуираат во северниот дел на Газа

Израелската армија денеска ги повика Палестинците во крајбрежните населби во северниот дел на Газа да ја евакуираат областа додека ја продолжува операцијата во Џабалија. Портпаролот на ИДФ на арапски, Авичај Адри, објави список на нови зони што треба да се евакуираат, а на палестинските цивили им беше кажано да се преселат во засолништа западно од градот Газа, пишува The Times of Israel. Минатиот викенд, ИДФ издаде предупредување за евакуација на градот Џабали, пред да биде извршен нападот. Оттогаш, армијата двапати ја прошири зоната за евакуација, а најновото соопштение ги вклучи областите Ал-Ататра и Ал-Карам на брегот на Газа.

Треба да знаете
Последни објави