Search

Во Скопје денеска ќе се одржи првиот „Dog Fest”

Сите љубители на кучиња денеска имаат можност да се дружат на првиот „Dog Fest” што ќе се одржи во Скопје.

Настанот ќе почне во 12 часот и ќе трае до 16 часот, а организаторите најавуваат забавни игри за милениците и едукација на голем простор специјално опремен со реквизити за кучиња.

„Dog Fest” ќе се одржи во „Hera Happy friendly dogs”, спроти црквата Пантелејмон во Долно Нерези. Целта на настанот е да се подигне свеста за милениците и за одговорното сопствеништво.

– Добредојдени  се сите сопственици заедно со нивните кучиња, а влезот е бесплатен, велат организаторите.

Треба да знаете
Последни објави