Search

Фоден избран за играч на сезоната во Премиер лигата

Англискиот фудбалски репрезентативец Фил Фоден е прогласен за најдобар фудбалер во Премиерлигата за сезоната 2023/24, во изборот кој го прават спортските новинари на Островот. Иако има само 23 години Фоден беше клучен играч во тимот на тренерот Пеп Гвардиола кој со победа во утрешното последното коло против Вест Хем би стигнал до својата четврта титула во низа. Четири титули во низа во Премиер лигата досега не освоил ниту еден друг тим. Фоден постигна 17 голови и запиша осум асистенции на 34 натпревари колку што одигра во првенство. Гвардиола го користеше на две позици и тој е втор по бројот на одиграни минути за клубот. -Ова е големо достигнување и навистина сум горд. Премиерлигата е најголема во светот и задоволство ми е што бев номиниран покрај сите други одлични играчи, кажа Фоден.

Треба да знаете
Последни објави