Search

Пикси објави изненадувачки спсок со кои Србија ќе игра на ЕП

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси објави поширок список на играчи кои конкурираат за настап на Европското првенство. На списокот кај Пикси се најдоа 35 фудбалери, што значи дека во следната селекција деветмина ќе отпаднат, бидејќи на завршницата од континеталниот собир во Германија ќе може да бидат на располагање 26. Германија. Српските медиуми пишуваат дека списокот на Стојковиќ е полн со изненадувања, а тоа најмногу се однесува на голем број играчи од домашното првенство. Таму се голманот на Партизан, Александар Јовановиќ и неговиот соиграч Самед Баждар, кого Босна и Херцеговина го посакуваше во репрезентацијата.
Стојковиќ ги повика и Немања Стојиќ и Александар Ќирковиќ од ТСЦ, како и Срѓан Мијаиловиќ и Урош Спајиќ од Звезда, односно Михаило Ивановиќ од Војводина и Матија Глушчевиќ од Радник Крагуевац.

Од фудбалерите кои Пикси ги остави надвор од списокот, српските медиуми ги издвојуваат Марко Грујиќ, Урош Рачиќ, Милан Гајиќ, Дејан Јовељиќ и Ерхан Машовиќ. Го нема ниту Миле Свилар, голманот на Рома кој не сака да игра за репрезентацијата.

На поширокиот список се најдоа следните фудбалери:

Треба да знаете
Последни објави