Search

МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Пелистер

Во израмнет натпревар, прв од финалната серија во мак-баскетот, шампионот МЗТ Скопје ја искористи предноста на домашниот терен и го победи Пелистер (82:77), за водство од 1:0 во трката кој прв до три победи. Ова е трета сезона за шампионскиот пехар да се бората МЗТ СКопје и Пелистер. Досегашните две пресметки ги добиија „металците“. Пелистер не ги искористи моментите на криза на МЗТ Скопје, како и повредата на Војдан Стојановски кој не играше во последната четвртина, а со тоа пропушти можност да направи брејк на стартот од финалето. Првото полувреме помина во доминација на домашниот тим кој беше во постојано водство и на голем одмор замина со десет поени предност (50:40). Таквата ситуација важеше до средината на третиот квартал кога Пелистер направи целосен пресврт и поведе со 56:54 за по три четвртини игра, МЗТ да има само минимална предност (65:63). И во последниот период Пелистер постојано му беше зад петите на шампионот, но не ги искористи моментите на криза на МЗТ кој три минути беше без постигнат кош. На три минути пред крајот беше 74:74, а потоа дојдоа клучните два напада за МЗТ кој на крајот стаса до триумф. Дамјан Стојановски го предводеше домашниот тим со 16 поени, а двоцифрени беа уште Танасковиќ, Гилон и Војдан Стојановски. Планиниќ со 19 поени, 8 скока и 7 асистенции беше прво име кај Пелистер. Вториот меч од серијата најверојатно ќе се игра во вторник, повторно на теренот на МЗТ Скопје.

Треба да знаете
Последни објави