Search

Путин: Русија нема намера да го окупира Харков

Русија во моментов не планира да го окупира Харков, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателот на Русија на прес-конференција во кинескиот град Харбин, за време на неговата дводневна посета на Кина, изјави дека руските војници во близина на Харков секојдневно напредуваат, строго според планот.

Путин рече дека одговорноста за она што се случува во правец на Харков е на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека Русија е принудена да создаде санитарна безбедносна зона бидејќи украинската армија гранатира станбени делови на Белгород.

Тој посочи дека Русија никогаш не одбила да преговара со Украина, но дека сега треба да се разбере со кого може да се преговара икој е од доверба.

Според Путин, Москва „никогаш не одбила да преговара“, но украинските политичари „се повлекле од преговарачкиот процес“ штом руските трупи биле повлечени од Киев.

-Бевме измамени. Сега треба да разбереме со кого и како треба да преговараме, на кого и во која мера можеме да веруваме – рече Путин.

Треба да знаете
Последни објави