Search

Од денеска почнува пријавувањето за бесплатно подигнување кабаст отпад во сите населби во Кисела Вода

Нова акција за собирање на кабаст отпад ќе се спроведе во општина Кисела Вода. Како дел од активностите за заштита на животната средина, во периодот од 27 мај до 07 јуни во сите месни и урбани заедници на територија на општината, ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно бесплатно ќе го подигаат кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради, информираат од Општина Кисела Вода

Пријавувањето започнува од денеска 17 мај, и ќе трае една седмица, односно до 23 мај 2024. Секој жител на општина Кисела Вода кој поседува кабаст отпад и сака истиот да биде подигнат и депониран на соодветна локација, ќе може да закаже термин на телефонскиот број 02/2785-427 секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Кабастиот отпад треба да биде поставен пред објектот кој е претходно договорен, на безбедна локација со што не би се загрозила безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот, кои ќе се движат во тој период.

Само со одговорно однесување на секој поединец заеднички ќе можеме да ја одржуваме Кисела Вода чиста и уредна. Зачувувањето на природата и животната средина е наша заедничка обврска и одговорност. Затоа апелираме до сите граѓани да се приклучат на оваа акција. Поддршката и заедничката ангажираност се од суштинско значење за нашата заедница.

Треба да знаете
Последни објави