Search

Џафери: Се прави изборен инженеринг за менување на бројките на пратеници во Собрание

Техничкиот премиер Талат Џафери попладнево на прес-конференција кажа дека од учесници во изборите добил извештаи за обиди за изборен инженеринг со цел менување на соодносот на бројот на пратеници во Собранието. -Во својство на премиер на Владата и одговорен за успешноста на изборниот процес имам добиено извештаи од учесници во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за изборен инженеринг со вонинституционален меѓупартиски договор за гласање и надгласување во Државната изборна комисија во врска со симптоматичните приговори поднесени од страна на учесниците во изборите. Според извештаите, овие претензии се изборен инженеринг и имаат за цел менување на соодносот на бројките во Собранието преку политички договор на маса, изјави Џафери пред новинарите на средбата во Владата. Од оваа прес-конференција Џафери го повика Управниот суд да ја штити кредибилноста на изборниот процес. Тужби пред Управниот суд по одлуки на ДИК најавија дека ќе дпостават коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, но и коалицијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците.

Треба да знаете
Последни објави