Search

Светски автомобилски гигант ќе почне со продажба на кинески електрични автомобили во Европа

Производителот на автомбили Стелантис ќе започне со продажба на електрични возила (ЕВ) од својот кинески партнер Леапмотор во девет европски земји од септември за да ја прошири својата палета на буџетски автомобили, изјави шефот на компанијата Карлос Таварес.

„Продажбата на заедничкото вложување Стеланти и Леапмтор ќе се прошири и во Јужна Америка, Блискиот Исток, Африка, Индија, Азија и Пацификот почнувајќи од четвртиот квартал на 2024 година“, рече Таварес во кинескиот град Хангжу, каде што е седиштето на Леапмотор.

Заедничкото вложување наречено Леапмотор Интернешнел кое е во 51 процент во сопственост на Стелантис, има намера да ги продава електричните возила на Леапмотор надвор од Кина и исто така да ги произведува надвор од Кина, потпирајќи се на производствените бази на Стелантис.

Тоа е дел од поширокото партнерство меѓу двете групи, откако минатата година француско-италијанската група објави дека купува 21 процент од акциите во Леапмотор за 1,6 милијарди долари.

Преку заедничкото вложување, Стелантис има ексклузивни права за производство, извоз и продажба на производи на Леапмотор надвор од Кина. Тоа е прва таква можност за етаблиран западен производител на автомобили во време кога голем број кинески производители, вклучувајќи ги BYD, Chery и Dongfeng, најавуваат или размислуваат за нови производствени капацитети во Европа.

Таварес и извршниот директор на Леапмотор, Жу Џиангминг не дадоа специфики за точните локации каде што би можеле да се произведуваат електричните возила на Леапмотор.

Но, Таварес рече дека сите одлуки за производство ќе се засноваат на проценки на трошоците и квалитетот, и дека фабриката на Стелантис во Тичи, Полска, би можела да биде меѓу можните локации.

Треба да знаете
Последни објави