Search

Маж во Швајцарија со нож нападнал минувачи, две лица тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште четворица се полесно ранети во напад со нож врз случајни минувачи во северниот швајцарски град Цофинген, на околу 50 километри јужно од градот Базел и германската граница, соопшти локалната полиција. Нападот се случил вчера околу 17 часот.

„Имаме неколку повредени лица“, изјави портпаролот на полицијата за новинската агенција ДПА, додавајќи дека тие се пренесени во болница.

Полицијата соопшти дека добила повици дека маж нападнал луѓе со нож на локална железничка станица. Напаѓачот потоа избегал во блиската зграда, по случаен избор повредувајќи луѓе на патот.
На локалното население им било кажано да ја избегнуваат областа додека полицијата започнала операција.

Полицијата на социјалните мрежи потврди дека насилникот бил уапсен од специјалци откако два часа се криел во зградата. Според локалната полиција, сторителот, за кој се претпоставува дека дејствувал сам, е идентификуван како странец на околу 40 години. Мотивот за нападот се уште е нејасен.

Сите шест жртви се во болница со убодни рани. Меѓу повредените има и две учителки од кантоналното училиште Зофинген и една трудница која се здобила со расекотини на лицето, но нејзиниот живот повеќе не е во животна опасност. И насилникот добил лекарска помош бидејќи се повредил со нож.

Треба да знаете
Последни објави