Search

Листа на Форбс: Кристијано Роналдо е најплатен спортист во светот

На листата на Форбс на најплатени спортисти доминира Португалецот Кристијано Роналдо со неговиот баснословен договор во Саудиска Арабија.

Кристијано Роналдо е неприкосновен со 260 милиони долари годишно од Ал-Наср.

Португалецот по четврти пат во кариерата е лидер на листата на најплатени спортисти во светот, овојпат најубедливо благодарение на дарежливите Саудијци.

Втор на листата е голферот Џон Рам (218 милиони), трет Лионел Меси (135 милиони), четврт Леброн Џејмс (128,2 милиони).

На петтото место е Џанис Адетокумбо, кој во последните 12 месеци инкасира 111 милиони долари, од кои 46 милиони се од договорот со Милвоки, а останатите од спонзори.

Во првите десет играчи кои најмногу заработиле во последните 12 месеци се и Килијан Мбапе (110 милиони), Нејмар (108 милиони), Карим Бензема (106 милиони),

Трикратниот МВП на најсилната лига во светот, Никола Јокиќ е само на 32. место.
Заработил 56,1 милиони долари, од кои најголем дел се од договорот со Денвер (48,1), додека остатокот е од спонзорства.

Најдобриот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ овојпат не е ни во топ 50.

Лука Дончиќ е 34-ти на листата со заработка од 55,1 милиони долари.

Пред Јокиќ и Дончиќ се Џоел Ембиид (30 место – 57,7 милиони) и Џими Батлер (31 место – 57,5 ​​милиони).

Треба да знаете
Последни објави