Search

ИДФ: Петмина израелски војници загинаа, седум се ранети во „пријателски оган“

Петмина израелски војници беа убиени, а седум други беа ранети, од кои тројца потешко, вчера во Џабалија во северниот дел на Газа, кога израелски тенк испука гранати врз нив, по погрешни проценки дека се работи за непријателски сили, соопшти израелската армија.

Според прелиминарната истрага на ИДФ, тенк кој дејствувал заедно со падобранци во кампот Џабалија истрелал две гранати врз зграда во која биле сместени војници во 19 часот по локално време, пишува Тајмс оф Израел.

Тенковските сили пристигнаа во областа во раните утрински часови во средата, а неколку часа подоцна, падобранци пристигнаа во областа и зазедоа позиции во зградата.

Треба да знаете
Последни објави