Search

Едерсон сепак е посеризно повреден и ќе го нема на голот кај Манчестер сити на решавачките мечеви

Голманот на актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити, Едерсон кој на дуелот против Тотенхем во вторникот имаше незгоден судар со противничкиот играч Кристијан Ромеро, сепак има сериозна повреда. Едерсон негодуваше кога тренерот Пеп Гвардиола одлучи да го повлече од игра, но потегот на тренерот и здравствениот тим сепак бил исправен.Едерсон поради скршеница на очната шуплина ќе мора да ги пропушти последните два меча сезонава за Манчестер сити кои ќе одлучуваат за два трофеи, првенството и ФА Купот. Двата натпревара имаат статус на финале бидејќи против Вест Хем, Сити ќе се бори за пехарот во Премиер лигата, а потоа против Јунајтед на 25 мај во ФА Купот.

Треба да знаете
Последни објави