Search

Демири не одговори дали договорците на Токсикологија се стручни и не гледа одговорност кај директорката Иљази

Договорците на Токсикологија денеска се вратија на работа на Клиниката, откако организационата директорка Бесије Иљазим им ги продолжила договорите. Дел од нив се административно –технички, но има и медицински кадар. Станува збор за истите 18 лица на кои на 31 декември минатата година не им беа продолжени договорите, а за кои докторите од Клиниката тврдеа дека немаат основни познавања, а тука е и човекот кој јавно призна дека од колега побарал дадена урина со присуство на наркотици да ја замени за чиста. Токму договорците беа една од главните причини пред два дена министерот за здравство Илир Демири да го разреши само медицинскиот директор Данил Петровски, а не и организациската Бесија Иљази која вчера ги викнала овие 18 лица да ги потпишат договорите. 

Демири денеска не кажа дали се точни информациите кои доаѓаат од вработени на Клиниката дека дел од овие договорци не се стручни за работата.

Тој не кажа ниту збор дали ќе се извини на професорот Нико Беќаровски кој најави тужба против сите лица потпишани на изјавата објавена преку министерството за закани и наводни навреди на етничка основа кон договорците Албанци. Зад Беќаровски речиси сите вработени на клиниката кои вчера со цело име и презиме се потпишаа на демантот.

Јавноста еден и пол месец е сведок на серија скандали на Клиниката за токсикологија. Покрај нефункционалната лабораторија се случи поплава и се откри дека Клиниката не е осигурена а вработените прстот го посочија во организациониот директор Иљази која не контактира со медиумите на официјалниот и службен јазик во Македонија, долговите се зголемени а вработените признаа дека лажираат резултати од испитувања.

Треба да знаете
Последни објави