Search

Вучиќ: Ќе го посетам Фицо

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во гостување на државната РТС го коментираше обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо. – Во модерно време е незамисливо вакво нешто да се случи, но ова јасно говори за поделеноста на медиумите и општеството кое создаде таква атмосфера. Тој е голем и искрен пријател на Србија. Не можете да извршите притисок врз него да направи нешто против Србија. Секогаш ќе биде со својата Словачка и Србија. Ние сме лични и долгогодишни пријатели и кога е и кога не е во опозиција. Оваа вест искрено ме потресе – изјави Вучиќ. Вучиќ смета дека Фицо е „тврд човек“ и ќе ја диобие животната битка. – Сосема е сигурно дека ќе го посетам, прашање е само кога. Се договоривме со Виктор (Орбан) да го посетиме. Верувам во неговата ментална сила. Имаа проблем да го запрат крварењето. Верувам дека кога човек е психички силен може да ги надмине и физичките повреди – изјави Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави