Search

Во Србија уапсен човек поради закани кон претседателот Вучиќ

 Српската полиција уапсило лице за кое тврди дека упатувало закани кон претседателот на таа држава.  Министерот за внатрешни работи на србија, Ивица Дачиќ изјави дека е уапсен Д. М. од Сомбор поради закани за загрозување на безбедноста на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. „Поради закана за загрозување на безбедноста на претседателот на Републиката, уапсен е  Д. М. од Сомбор, кому му е одредена мерка притвор во полиција од 48 часа“, се вели во соопштението на МВР на Србија. Вучиќ на социјалната мрежа Х изјави дека е шокиран од атентатот врз словачкиот премиер и дека се моли за здравје на големиот пријател на Србија, Роберт Фицо.

Треба да знаете
Последни објави