Search

Алкараз ќе игра на Ролан Гарос

Карлос Алкараз сигурно ќе игра на Ролан Гарос откако третопласираниот тенисер во светот ги надмина проблемите со повредата на раката која го мачеше последните месеци.

Откако се повлече од турнирот во Рим, Шпанецот тренира во својот дом во Мурсија, а по последните детални прегледи доби зелено светло да се врати во натпреварувачкиот ритам.

Медиумите на Пиринеите пренесуваат дека Алкараз веќе резервирал хотел во Париз, истиот во кој престојува Рафаел Надал при секој негов настап на францускиот Грен слем турнир.

Карлос Алкараз минатата година стигна до полуфиналето на Ролан Гарос каде беше елиминиран од Новак Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави