„Вреди“ ја повлече тужбата на почетокот од јавната седница на Управниот суд

Коалицијата „Вреди“ на почетокот од јавната поладневна седница на Управниот суд, ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за одбивање на нивниот приговор за избирачко место 0511, во Долна Бањица во Општина Гостивар на Парламентарните избори 2024 година. Управниот суд одлучи дека постапката се прекинува. Претставникот на тужителот Коалицијата „Вреди“ Бетим Амети, на почетокот на јавната седница информира дека тужбата ја повлекува во целост.

Треба да знаете
Последни објави