Југот на Бразил се бори со поплави, а централните делови бележат температурни рекорди

Додека јужните региони на Бразил, една од земјите најпогодени од глобалното затоплување, се борат со поплави, луѓето во Рио де Жанеиро, вториот по големина град во земјата, забележуваат рекордни температури за овој дел од годината.

Април бил најтопол и најсув месец од 1966 година, а се претпоставува дека и мај ќе го собори температурниот рекорд.

Плажите во мај се полни со луѓе кои се обидуваат да се разладат поради високите температури кои надминуваат 30 степени.

Поради негативното влијание на глобалното затоплување, дојде до поплава во Рио Гранде до Сул, кој се наоѓа на југот на Бразил.

Десетици луѓе загинаа како последица на поплавите.

Треба да знаете
Последни објави