Бајден: Веќе утре е можно примирје доколку Хамас ги ослободи заложниците

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави во саботата дека примирјето во Појасот Газа може да стапи на сила уште „утре доколку Хамас ги ослободи преостанатите заложници што ги држи во Газа“.

„Како што реков, Хамас треба да одлучи. Ако сакаат, утре би можеле да го завршиме. А примирјето ќе започне утре“, рече Бајден на кампањата за собирање средства во Сиетл, пренесе Си-Ен-Ен.
Семејствата на петте Американци за кои се верува дека се држени како заложници во Газа се состанаа со советникот за национална безбедност Џејк Саливан и координаторот за Блискиот Исток Брет Мекгурк во петокот.

Според извештајот од тој состанок, тие „го изразиле своето огромно незадоволство поради продолжениот ќор-сокак, особено откако неодамнешните заложнички снимки ги покажале нивните најблиски онеспособени, изнемоштени, бледи и јасно под стрес“.

Треба да знаете
Последни објави