Провалил во Управата за матични книги во Прилеп и украл документи и компјутери

Засега непознато лице ноќта меѓу петок и сабота влегло во Управата за матични книги во Прилеп при што одзело документи и оштетило друга документација, а исто така одзел монитори и куќишта до компјутери.

-На 11.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во период од 10.05.2024 до 11.05.2024 од страна на непознат сторител било влезено во канцелариски простории сопственост на Министерство за правда- Управа за водење на матични книги, подрачна канцеларија Прилеп лоцирана на ул. Димо Наредникот во Прилеп при што одзел документација, оштетил дел од документацијата и одзел монитори и куќишта од компјутери“, соопштија од МВР.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави