Немо од Швајцарија на земјата ѝ ја донесе третата победа на Евровизија

Небинарниот Немо на Швајцарија ѝ ја донесе третата победа на Евровизија. На второто место се најде Хрватска, додека третото место ѝ припадна на Франција.

Немо ја претставуваше Швајцарија со песната „The Code“ и ја освои европската публика со емотивен и енергичен настап, а до првото место дојде најмногу благодарение на гласовите на жирито од 37 земји.

Неговиот специфичен сценски настап, како и силната порака на текстот на песната, која зборува за личните борби и борби со неговата околина, успеаја да го донсат до победата.

За најдобра титула се натпреваруваа 25 земји, а финалето го отвори Шведска која победи минатата година. По натпреварувачката програма следеше ревијалниот дел од вечерта.

Во забавната програма, една од најуспешните шведски музички групи, Алказар, ја изведе песната „Crying at the Discoteuqe“, светски позната песна објавена во 2001 година.

Поранешните победници на Евровизија ја испеаја песната „Ватерло“ на легендарниот шведски бенд АББА. Пред тоа беше прикажан нивниот настап на Евровизија пред 50 години, а што следеше откако вештачки генерираните членови на бендот АББА испратија пораки до гледачите.

Лорин, победничката на минатогодишната Евровизија, излезе на сцената и го изведе својот нов сингл „Засекогаш“.

Да потсетиме, овогодинешната Евровизија беше проследена со бројни инциденти, од протести поради настапот на Израел до дисквалификацијата на Холандија.

Холандија по инцидентот беше дисквалификувана од овогодинешната Евровизија, а на актуелните настани во Малме не присуствуваше целата делегација.

По дисквалификацијата, водителката одби да го објави гласот на жирито од оваа земја, а оваа улога ја презеде претставникот на организаторите на овогодинешниот Евросонг во Шведска, кој ја следеше регуларноста на гласањето за време на натпреварот.

Треба да знаете
Последни објави