Search

Жител од Теарце со изгореници завршил во болница откако му се запалил домот

Пожар изби вчера во домот на 80-годишен маж од тетовско Теарце. Човекот се здобил со изгореници и бил пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Екипа од Територијалната противпожарна единица Тетово го изгаснала пожарот. Извршен е увид, а засега не е позната причината за пожарот.

Треба да знаете
Последни објави