Протести во Малме пред вечерашното финале на Евровизија

Тензии пред вечерашното (21 ч.) финале на 68. издание од изборот за песна на Евровизија, што ќе се одржи во Малме. Во шведскиот град на југот од земјата се собраа незадоволни демонстранти кои бараат дисквалификација на Израел. Пропалестинските протести на улиците низ градот се во полн ек. Граѓани веат палестински знамиња. Поради учеството на Израел на Евровизија 2024, зголемени се мерките за безбедност во Малме. Денеска и официјално беше објавена одлуката на ЕБУ, дека претставникот на Холандија е дисквалификуван. Шведската полиција ја истражуваше жалбата на една членка на продукцискиот тим по инцидентот по неговиот настап во полуфиналето во четвртокот вечерта. Холанѓанецот ги избриша сите фотографии и видеа поврзани со Евровизија 2024 од својот Инстаграм профил и приказни.

Треба да знаете
Последни објави