Search

Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евросонг

Во шведскиот град Малме, каде вечерва ќе се одржи втората полуфунална вечер од годинашниот Евросонг, беше организиран протест против учеството на израелскиот претставник Еден Голан, а полицијата процени дека се собрале меѓу шест и осум илјади луѓе.

 Насобраните го извикуваат пропалестинското мото „Од река до море, Палестина ќе биде слободна“ и „Израел е терористичка држава“.

Локалните медиуми јавуваат дека толпата ги вклучува сите генерации, вклучувајќи ги и родителите со деца. Шведските власти ја зајакнаа безбедноста и се подготвуваат за можни немири во текот на викендот, кога в сабота е финалната вечер.

Видливо е присуството на полицајци како патролираат по улиците на Малме и, од скутери на вода, низ градските канали, јавија локалните медиуми.

Треба да знаете
Последни објави