Search

Пленковиќ: Обезбедивме 76 потребни потписи за формирање Влада

Претседателот на ХДЗ Андреј Пленковиќ на претставувањето на листата на ХДЗ за европските избори рече дека веќе имаат 76 потписи за формирање Влада на Хрватска.

– Денеска собравме 76 потписи за формирање нова, стабилна Влада на Република Хрватска, изјави премиерот Андреј Пленковиќ на претставувањето на листа за европските избори – се вели во соопштението на ХДЗ на Х.

ХДЗ и Татковинското движење се договорија за формирање парламентарно мнозинство. 

Според договорот, три ресори ќе му припаднат на Татковинското движење, а ќе се формира ново министерство – за демографија. Дополнително, членовите на ТД ќе бидат задолжени за ресорот  земјоделство, а ресорот економија ќе биде предводен по половина.

Треба да знаете
Последни објави