Search

Манчестер Јунајтед има најголема вредност во светот на фудбалот

Порталот „Спортико“, специјализиран за спортски бизнис, ја објави листата на највредните фудбалски клубови во светот.

Прв на листата е Манчестер Јунајтед со вредност од 6.200.000.000 долари.

Втор на листата е финалистот во Лигата на шампионите Реал Мадрид со вредност од 6.060.000.000 долари, додека трета е Барселона со 5.280.000.000 долари.

Ливерпул е на четвртото место со 5.110.000.000 долари, а Баерн Минхен е на петтото место со 4.880.000.000 долари.

Интересно, Манчестер Сити е на шестото место со вредност од 4.750.000.000 долари и покрај огромните инвестиции.

Пет клуба од МЛС се најдоа меѓу 20-те најдобри на листата.

Во анализата „Спортико“ ги зема предвид податоците за се што е во сопственост на клубот, од стадионот до играчите и компаниите кои работат во рамките на клубовите.

Треба да знаете
Последни објави