Search

Колку гласови се потребни за некој од кандидатите да победи во вториот круг на претседателските избори?

Во државата денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, каде 1.814.317 граѓани со право глас можат да се определат за еден од двајцата кандидати за шеф на државата – Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, кои освоија најмногу гласови во првиот круг на 24 мај.

Во вториот круг на гласање ќе биде избран кандидатот кој ќе добие мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излезат повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 725.727 гласачи, како што е предвидено во Изборниот законик, а за него гласале 362.864 избирачи.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка.

Треба да знаете
Последни објави