Search

Излезноста на парламентарните избори до 13 часот 25.84 отсто, на претседателските 23.95 отсто

До 13 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2472 избирачки места. Од вкупно запишани 1.261.526 гласачи на овие избирачки места, гласале 302.158 односно 23.95 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Најголема излезност во моментов, за Претседателските избори има во Крива Паланка, со 46.44 отсто. Најмалата излезеност за Претседателските избори е во Липково, со 3.28 отсто.

-Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезноста од 3.49 отсто на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.7 отсто, наведува ДИК.

До 13 часот пристигнати се податоци за излезност на гласачите за Парламентарните избори од 2348 избирачки места. Од вкупно запишани 1.207.922 гласачи на овие избирачки места, гласале 312.070 односно 25.84 отсто од граѓаните со право на глас.

Најголема излезност во моментов, за парламентарните избори има во Кривогаштани, со 48.65 проценти. Најмалата излезност за парламентарните избори е во Маврово и Ростуше, со 11.91 процент.

-Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезноста од 2.03 проценти на овие избори, укажуваат од Комисијата.

Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна:

  • Изборна единица 1 – 31.18 отсто
  • Изборна единица 2 – 23.91 отсто
  • Изборна единица 3 – 29.18 отсто
  • Изборна единица 4 – 26.40 отсто
  • Изборна единица 5 – 25.04 отсто
  • Изборна Единица 6 – 16.71 отсто

До овој момент до ДИК се доставени вкупно 313 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 105 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 9 приговори се отфрлени како неуредни, а 40 приговори се одбиени.

Останатите приговори се во обработка. Овој изборен ден го набљудуваат 1303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари. Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.

Исто така, активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик. 

Треба да знаете
Последни објави