Search

ДИК: Обработени 70,35% од гласовите најмногу гласови има ВМРО ДПМНЕ, следат коалицијата “Европски фронт“, ВЛЕН и СДСМ

Од обработените податоци од 70,35 отсто од избирачките места, според ДИК, во убедливо водство е коалицијата Твоја Македонија на ВМРО-ДПМНЕ, која досега има освоено 272.745 гласа или 41,42%. Коалицијата на СДСМ Европска иднина освои 93.204 гласа или 14,15%.

Во пресметката меѓу ДУИ и опозицијата на Албанците-гласачи во Македонија, коалицијата Европски фронт на ДУИ освои 101.415 или 15,40%, а коалицијата Вреди освои 81.946 гласа, или 12,44%.

Левица освои 44.554 гласа, или 6,77%, а движењето ЗНАМ 33.572 или 5,10%.

Треба да знаете
Последни објави