Search

Во италијанско пристаниште запленети 250 килограми кокаин од Еквадор

Во италијанскиот регион Калабрија денеска се запленети 250 килограми кокаин, кој финансиската полиција го откри минатата недела во пристаништето Џоја Тауро.

Ова пристаниште е клучно за трговијата со дрога благодарение на неговата стратешка локација и влијанието на мафијашкиот клан Ндрангета.

Полицијата на 2 мај пронашла „лажни“ банани во контејнер кој пристигнал во Италија од Еквадор, во кој бил скриен кокаин, пишува Corriere della Calabria.

Истражувачите ја испратиле откриената супстанца во лабораторија на дополнителна анализа.

Се проценува дека пронајдената дрога можела да донесе добивка од неколку десетици милиони евра. Во тек е истрага за пронаоѓање на шверцерите на дрога.

Треба да знаете
Последни објави