Search

Заев: Македонски патриотизам е да си го чуваш и негуваш јазикот бидејќи тој е и нашата татковина

Поранешниот премиер Зоран Заев на социјалните мрежи се огласи по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик.

На некои не им се допадна, а многумина се израдуваа бидејќи беа свесни дека со договорите кои ги склучивме со соседите всушност започнавме нова етапа од негувањето, употребата и промоцијата на македонскиот јазик. Имено, историјата веќе сведочи дека Договорот за добрососедство со Бугарија е потпишан и на македонски јазик и од тогашниот бугарски премиер Борисов, а Договорот од Преспа е историски чин на признавање на македонскиот јазик (и на придавката “македонски” во јазична, културна и идентитетска смисла) од страна на официјална Атина. Ова ново поглавје од современата македонска идентитетска промоција подоцна ни донесе и службена употреба на македонскиот јазик во НАТО во рамки на нашето членство во овој глобален безбедносен сојуз, а со отворањето на преговарачкиот процес со ЕУ нашиот јазик веќе добива службена употреба и низ европските институции. Македонски патриотизам значи да си го чуваш и негуваш јазикот бидејќи тој е и нашата татковина, и нашиот идентитет и нашиот најсилен меѓународен промотор. Нека е честит Денот на македонскиот јазик, 5 Мај. Честит Велигден“ стои во објавата на Заев.

Инаку Денот на македонскиот јазик беше воведен токму во време на Владата на Зоран Заев како тогашен премиер.

Треба да знаете
Последни објави