Search

Македонија се собра за бараж-двомечот со Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација ги почна подготовките за бараж-двомечот за пласман на Светското првенство 20225 против Фарски Острови. Првиот натпревар се игра на 8 мај во Торшавн, а реваншот е закажана за 12 мај во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ од 19.00 часот. Подобриот од двата натпреаври ќе се најде на завршницата во ракометниот мундијал. Македонскиот селектор на располагање ќе ги има сите повикани ракометари од недела кога последни ќе се приклучат Никола Митревски и Филип Талевски. Дополнително е повикан на овој собир е Мартин Карапалевски. -Мораме сериозно да влеземе во подготовките за двата натпревари. Противник доста напредува и има остварено добри резултати. Верувам во моите репрезентативци и во нивниот квалитет, имаме млади и талентирани играчи кои добро се развиваат. Ја почитуваме селекцијата на Фарски Острови, но во исто време се почитуваме и самите себе. Шансите за пласман на Светското првенство се 50-50, верувам дека со нашиот квалитет можеме да им се спротивставиме и да продолжиме со континуитетот настапи на големите натпреаврувања – порача македонскиот селектор Кирил Лазаров.

Треба да знаете
Последни објави