Search

Петровска тајно помагала во подигнување на спомен плоча на бранител

Ретко сме сведоци кога нешто се помага и донира, а тоа да се прави без камери. Токму затоа и го објавуваме овој текст. При неодамнешна посета на прилепско дознавме дека министерката за одбрана Славјанка Петровска помогнала во подигнување на надгробен споменик за бранител, но ги замолила мештаните да остане анонимна, дознава 4NEWS.mk од жителите низ прилепските села.

Марко Деспотоски е роден на 28 септември 1973 година во прилепското село Новоселани. Деспотоски на 12 години останал сирак и оттогаш бил постојано со својот дедо. Работел за двајцата во селото разни аргатски работи за да донесе парче леб.

Една година пред војната 2001 година, Деспотоски ги пасел селските крави и така заработувал за себе и за својот дедо, но и за мајка му, која живее кај својата сестра во Скопје.

Марко Деспотоски (†27), е еден од загинатите во масакрот кај Карпалак.

Тој е посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави