Search

Над 30 лица загинаа во поплавите во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати

Над 30 лица загинаа во поплавите во јужен Бразил, 60 лица се водат како исчезнати, додека околу 15.000 жители се евакуирани.

Хидроелектрична брана во бразилската држава Рио Гранде до Сул се урна поради поплави предизвикани од обилните дождови кои траат неколку дена, оставајќи најмалку 500.000 луѓе без струја и чиста вода.

Во акцијата за пребарување и спасување беа вклучени и хеликоптери, а во некои населени места жителите се качија на покривите на нивните поплавени домови.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва го посети поплавениот регион и вети помош од Владата на Бразил.

Гувернерот на државата Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите побара итна помош за луѓето во поплавените подрачја, а владата на таа држава прогласи вонредна состојба.

Метеоролозите најавија дека врнежите ќе продолжат во тој регион.

Повеќе од 30 луѓе загинаа минатата година во циклон во Рио Гранде до Сул.

Треба да знаете
Последни објави