Search

Кога ќе побара Тошковски одговорност од Мицкоски во врска со лагите кои ги ширеше за убиството на Вања?

Основна функција на полицијата е заштита и почитување на основните слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот на Македонија, законите и ратификуваните меѓународни договори, заштита на правниот поредок, спречување и откривање на казниви дела, преземање мерки за гонење на сторителите на тие дела, како и одржување на јавниот ред и мир во општеството.

Нејзината ефективност изминатите седум години растеше, а со тоа и довербата во институцијата. А, за тоа говорат резултатите. Република Северна Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, во друштво на 38-те најбезбедни земји во светот.

Доскорешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски потенцираше дека е креирана силна и задоволна полиција и безбедни и спокојни граѓани.

-Со речиси 80 реновирани објекти низ државата, со нови униформи и опрема, пет исплатени бонус плати, за скоро време и 6-та бонус плата, во четири наврати зголемени плати од 2017 година па наваму, поттикнавме ефикасна оперативна работа на терен со што го намаливме криминалитетот. И не отстапивме од нашата агенда со цел уште подобри резултати и уште поголема безбедност!, вели Спасовски.

Убиството на Вања, тажен крај на 2023 година

Крајот на 2023 година го одбележа случајот со убиството на 14 годишната Вања Ѓ. од Скопје и фризерот Панче од Велес од Македонија, случај кој го потресе целиот регион. Во целиот процес беше вклучена полицијата со која раководеше Спасовски и која деноноќно ја водеше истрагата која за жал имаше трагичен крај.

Кога на 27 ноември беше објавена веста за исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, не стана само Македонија на нозе, туку и целиот регион, полицијата веднаш се вклучи во потрагата.

За жал на 3 декември како гром од ведро небо дојде најлошата можна вест – македонската полиција соопшти дека е пронајдено телото на девојчето, како и телото на Панчо Жежовски (74), фризер од Велес.

Набрзо се испостави дека овие два смртни случаи се само врвот на ледениот брег во случај кој ги запрепасти и ги остави сите без зборови. Бидејќи овие два случаи беа поврзани.

Полицијата веднаш по пријавата од страна на мајката го започнала процесот на истрага, а по два дена од исчезнувањето на 29 ноември беше приклучен и Интерпол.

Министерот за внатрешни работи на Македонија, Спасовски тогаш изјави дека главниот осомничен е во бегство, дека се знае дека на 30 ноември заминал во Белград, а оттаму во Бугарија, за што беше распишана и меѓународна потерница по Љупчо Палевски-Палчо.

Целата полиција во регионот им се стави на располагање на своите македонски колеги, за што поскоро да му влезе во трага.

Кај Палевски полицијата најде два пиштола, како и телефонот на убиената девојка.

На четворицата осомничени за убиството на малиот Вања, од кои тројца се осомничени и за убиството на Жежовски, на 6 декември им е одредена мерка притвор.

Полицијата го откри планот на киднаперот

По спроведената брза истрага полицијата откри дека киднаперите планирале да бараат откуп за Вања од нејзината мајка, која го продала станот. Мотивот за убиството на Панче бил наводен долг од 500 евра.

Еден од осомничените и рекол на полицијата дека девојката е убиена „бидејќи работите излегле од контрола“.

Јавноста беше шокирана кога дознава дека таткото на девојчето е осомничен дека тој им кажал на киднаперите кога и каде Вања ќе биде сама. Му беше одреден притвор кој од минатата недела е заменет со домашен притвор.

-Истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски не може да ја водиме во медиумите, таа мора да се води во Јавното обвинителство. Со поднесувањето на кривичните пријави целата истрага оди во Основното јавно обвинителство (ОЈО). Сите овие детали се разгледуваат во ОЈО на основа на прибраните податоци или на податоци кои ќе ги прибере Јавното обвинителство. Полицијата беше на висина на задачата, брза и професионална, беа обезбедени сите докази во врска со овие случаи кои се предадени во Јавното обвинителство, вели Спасовски.

Одобрена екстрадиција на Палчо

Турските власти на 30 април ја одобрија екстрадицијата на Љупчо Палевски осомничен за двојното убиство, позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности како и обезбедени докази од МВР.

Тој по слетувањето во Скопје ќе биде спроведен во затворот во Шутка, а потоа ќе му се суди.

Палевски на 30 декември 2023 година доби привремен затвор во траење од 40 дена во ѐатворена казнено-поправна установа Беликесир во Турција. Најавите од Министерството за правда беа дека постапката за екстрадиција ќе трае неколку месеци.

Внатрешната контрола на МВР не нашла пропусти во случаите со Вања и Панче

Со месеци опозицијата и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ креираше негативна кампања и лажни вести во врска со овие случаи, за кои токму Панче Тошковски, техничкиот министер за внатрешни работи од оваа партија потврди дека истрагата била водена според сите стандарди.

-Многу брзо од денеска јавноста ќе ги знае сите детали. Има детали и големи недостатоци во истрагата. Тие информации што јас ги знам се озбилни“, изјави Мицкоски во февруари за Тв Шења..

Спротивно од ова е резултатот кој на 7 март го соопштија од МВР откако биле извршени внатрешни проверки во СВР Скопје и СВР Велес на барање на Тошковски, a во врска со истрагата за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР притоа не нашол основа за покренување на дисциплинска постапка.

-Ја информираме јавноста, со оглед на тоа дека извештајот е класифициран, утврдено е дека не постојат основи за покренување на дисциплинска постапка, а воедно, до Бирото за јавна безбедност при МВР се упатени задолжителни мерки да се донесат нови процедури и упатства за постапување, стои во соопштението на МВР.

Министерот Тошковски претходно изјави дека дал наредба да се истражи дали полицијата постапувала согласно полициските процедури и стандарди откако токму Мицкоски изрази сомнежи дека доцна се побарани снимки од камерите и дали навремено се барало возилото на Жежовски кое подоцна е искористено за грабнувањето на Вања. Сепак потоа Тошковски не го повика на распит лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да види од каде се овие тврдења, за кои самиот утврди дека не се точни.

Треба да знаете
Последни објави