Search

Во Германија уапсени малолетни исламисти, откриено кои градови им биле цел

Четворица тинејџери уапсени за Велигден во Германија под обвинение за подготовка на напади со исламистичко потекло се информирале за постапката за склопување експлозивни направи, објавија во петокот германските медиуми.

„Обвинетите се подготвувале за напади со експлозивни направи кои првенствено служат за ширење оган како и за напади со мачети“, јавува јавниот сервис WDR, повикувајќи се на извори во истражните кругови.

При анализата на податоците на мобилните телефони на четворица малолетници уапсени во април под сомнение дека подготвувале напад со исламистичка позадина, пронајдени се упатства за склопување експлозивни направи.

При претресот во станот на еден од осомничените биле пронајдени нож и мачета. Во исто време, како што се наведува, не се пронајдени информации за можни конкретни цели, туку како места на можни напади се споменуваат градовите Келн, Дизелдорф, Дортмунд и Штутгарт.

Четири малолетници на возраст од 15 и 16 години, од кои три се момчиња и едно девојче, се уапсени во сојузните покраини Северна Рајна-Вестфалија и Баден Виртемберг, откако Канцеларијата за заштита на уставниот поредок извесно време ги следела активностите на еден на осомничените на форуми каде што се собираат исламисти и поддржувачи на т.н исламски држави.

Неодамна, исламистите, меѓу другото, поради зголемениот број на пропалестински протести кои често ги организираат забранети организации поврзани со Хамас, повторно станаа во центарот на вниманието на истражните органи.

Минатиот викенд во Хамбург се одржа протест на кој отворено се повика на воведување шеријат во Германија, поради што на удар е министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

Треба да знаете
Последни објави