Search

Кривична пријава против полициски службеник кој агресивно се однесувал кон поранешната сопруга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против полицискиот службеник М.К. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста при вршење на семејно насилство” по член 144 став 3 од Кривичниот законик.

Истовремено Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР заради постапување спротивно на член 26 став 2 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и изрече задолжителни мерки одземање на оружјето.

Имено, на 31.01.2024 во Прилеп, пријавениот М.К. агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга, ја влечел за раката и ѝ упатил закани.

Треба да знаете
Последни објави