Search

Спречен терористички напад во Турција, запленети експлозиви кои би предизвикале „експлозија од големи размери“

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска соопшти дека седуммина осомничени се приведени во Истанбул за подготовка на терористички напад во име на терористичката група Исламска држава.

Тој на платформата Х објави дека експлозивите запленети при апсењето можеле да предизвикаат експлозија од „големи размери“.

Според него, во истанбулскиот кварт Бејкоз бил приведен К.А, за кој било утврдено дека подготвувал терористички напад и тестирал хемикалии користени за производство на бомби, како и уште седум други лица поврзани со него.

Јерликаја неодамна објави дека од 1 јуни 2023 година до 22 април годинава биле приведени речиси 3.000 осомничени за соработка со Исламската држава.

Треба да знаете
Последни објави