Search

Семејство во САД по грешка испратило мачка по пошта

Американско семејство повторно се собрало со својот миленик, мачка која случајно била испратена по пошта стотици километри од дома, во Калифорнија, во пакет со работни чизми, пишува Би-Би-Си.

Мачката Галеана на почетокот на месецот исчезнала од својот дом во државата Ути и била организирана потрага по неа.

Една недела подоцна ја спасил вработен во Амазон, наоѓајќи ја во еден од пакетите испратени од семејството со вратена стока, а во кој скокнала Галеана.

„Галеана сака кутии, тоа е дел од нејзината личност“, рече сопственичката Кери Кларк, објаснувајќи како семејната мачка завршила толку далеку од дома.

Во кутијата во која мачката скокнала имаше големи работни чизми. За среќа, еден раб на кутијата се отворил и имаше воздух, а исто така беше заштитена од временските неприлики, а кога конечно беше ослободена, беше во добра состојба.

Сопствениците биле идентификувани со чип и ветеринарот го повикал Кларк и објаснил што се случило.

Отпрвин г-ѓа Кларк мислела дека некој се шегува, а потоа настана радост и возбуда.

Таа и нејзиниот сопруг летаа 1.000 километри до Калифорнија и ја вратија Галеана дома.

Треба да знаете
Последни објави