Search

Кејт и Вилијам слават 13-годишнина од бракот, објавија досега невидена фотографија

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон слават 13-годишнина од бракот, а во оваа прилика со јавноста споделија досега невидена фотографија направена на нивната кралска венчавка.

Невиден свадбен портрет на принцот и принцезата од Велс попладнево беше објавен на социјалните мрежи по повод 13-годишнината од бракот на парот.

Кејт, која моментално се бори со опасната болест, се омажи за идниот крал принцот Вилијам во Вестминстерската опатија во април 2011 година, по осум години врска.

Двојката се соочува со најтешкиот предизвик досега, среде дијагнозата на Кејт Мидлтон, која побара од јавноста приватност додека продолжува со лекувањето.

На поранешниот Твитер и Инстаграм, Кенсингтонската палата објави свадбена фотографија од парот направена од фотографката Мили Пилкингтон со текст: „Денес пред 13 години!

Треба да знаете
Последни објави