Search

ДИК: Гласањето е мирно на сите избирачки места, до 13 часот гласале 26,35 отсто граѓани

Процентот на избирачите кои гласале до 13 часот е 26,35 отсто, информираше претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

Според податоците, најголема е излезноста во Новаци – 42,87, а најмала во Врапчиште 10,18 отсто.

Заклучокот е дека досега гласањето се одвива мирно на сите избирачки места.

До ДИК се доставени 140 приговори за заштита на избирачко право, од нив 16 се усвоени и на избирачите им е овозможено да остварат право на глас, 8 се отфрлени како неуредни, а 9 одбиени. Останатите се во обработка.

Треба да знаете
Последни објави