Search

Бебе спасено од стомакот на мртвата мајка во Газа не е само, доби и име

Бебето Сабрина, која во неделата се роди во Газа како сираче, откако беше извадена од стомакот на мртвата мајка со итен царски рез, не е сама. На неонатолошкиот оддел на болницата во Газа ја посетиле нејзината баба и вујко, кои ќе продолжат да се грижат за неа.

– Бебето на Сабрина Ал Сакани – така го напишале лекарите на лентата околу раката на новороденчето тешко само 1,4 килограми, кое со итен царски рез било извадено од утробата на мајката која загина во израелското бомбардирање на Рафа.

Во нападот загинаа мајката, таткото и сестрата на малото девојче.

Приказната за раѓањето на ова мало девојче го обиколи светот, а сега утешна вест пристигнува од Газа. Бебето се опоравува и напредува во инкубатор на одделот за неонатологија, иако се уште има сериозни проблеми со белите дробови и дишењето.

Преживеаните членови на семејството се собрале пред болницата да го видат детето, но во одделението влегле бабата и вујкото по татко, кои ќе се грижат за детето. Ја нарекоа Сабрина по нејзината мајка.

Бебето е родено во 30-та недела од бременоста тешко само 1,4 килограми. Иако се опоравува, ќе помине уште три до четири недели на неонатолошкиот оддел, велат лекарите.

Треба да знаете
Последни објави