Search

Ахмети му порача на Мицкоски да внимава што зборува !

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва од митингот на плоштадот Македонија во Скопје му порача на првиот човек на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски да внимава што зборува. Како што јави ТВ 21 Ахмети му возвратил на Мицкоски со овие зборови: -Јас патував малку подолго и одвај чекав да дојдам тука кај вас за да му кажам неколку зборови на Христијан Мицкоски. Христијан Мицкоски е пораснат со гурабии, Христијан Мицкоски е пораснат со кекси. Јас сум пораснат во кула од камен што три пати е изгорен од поробувачите. Христијан, народот мој вели дека камен по камен се гради тврдината, збор по збор започнува бељата, не започнувај беља. Не започнувај беља и бирај ги зборовите, уште си млад и устата млеко ти вади, рече Ахмети.

Треба да знаете
Последни објави