Search

Приведени двајца скопјани осомничени за кражба на сеф од маркет во Црниче

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода вчера ги лишиле од слобода В.З.(23) и В.Т.(36), двајцата од Скопје, соопшти денеска МВР.

Тие се сомничат дека на 01.04.2024 во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.

– Со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на двете лица, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело. СВР Скопје – ЕВР Кисела Вода  до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а судија на претходна постапка на едното лице му определи мерка притвор, се вели во соопштението од МВР.

Двајцата се сомничат дека на 1 април провалиле во затворен маркет на улицата Востаничка во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или сѐ во вкупна вредност од 285.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави