Search

Иран: Повторно воспоставен авиосообраќајот во земјата

Летовите во Иран, кои утринава беа суспендирани над неколку градови и провинции, се повторно воспоставени, јавува иранската новинска агенција ИРНА.

Специјализираниот портал Flight Radar 24, пак, наведува дека аеродромите во Техеран, Шираз и Исфахан се сè уште затворени, додека воздушниот сообраќај е воспоставен на западот на земјата.

Авиокомпаниите од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ги суспендираа летовите за Иран до понатамошно известување. 

Треба да знаете
Последни објави